Лукаревска во Старо Нагоричане: Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска беше во Старо Нагоричане на местата кои беа зафатени од силниот пожар, како Челопек.

Според неа, потресни се сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија и сеуште се соочуваат со огнените јазици.

Лукаревска упати огромна благодарност за пожртвуваноста на пожарникарите, армијата, домашните и странските волонтери, жителите, кои демонстрираа голема храброст, решителност и заедно со кризниот штаб се справуваат со пожарите.

Лукаревска рече дека како носителка на пратеничката листа од оваа Изборна единица на минатите парламентарни избори ќе се заложи за што е можно побрзо санирање на штетите.

„Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Старо Нагоричане и низ целата земја. Солидарната држава и солидарното македонско општество се тука за Вас, сите заеднички ќе ја надоместиме штетата и во Старо Нагоричане но и низ целата земја. Ваквите кризи се лекција дека човечноста, солидарноста, единството се поважни од етничките, верските и политички разлики“ рече Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ.

Помошта од соседните земји и нашите сојузници од ЕУ и НАТО е чин на највисока солидарност која никогаш не смее да се заборави, рече таа.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати