Грчката црква протестира поради употребата на уставното име на Македонија на собир на европски цркви

Од:

Претставниците на Грчката црква и на Кипарската црква упатија остри критики до генералниот секретар на Конференцијата на Европски цркви на чие 14. генерално собрание е покажана мапа на која Македонија била претставена со уставното име, а Кипар воопшто не бил прикажан.

Од 3 до 8 јули во Будимпешта се одржува редовното 14. Генерално собрание на Конференцијата на Европски Цркви (КЕК). На настанот присуствуваат повеќе од 470 учесници од кои 220 се делегати, кои претставуваат околу 120 цркви.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, високи претставници на Грчката црква издале заедничка изјава во која упатиле протест до организаторот на настанот и го изразиле нивното незадоволство од тоа што Македонија била претставена со уставното име, истакнувајќи дека „такви ситуации не смеат да се случуваат“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит