Не престануваат пожарите кои веќе четврт ден пустошат низ Грција, а силниот ветар им помага во брзото ширење и распламтување.
Голем црн облак од чад е надвиснат над Атина, а полицијата вчера одела од врата на врата во едно атинско предградие за да ги повика луѓето да се евакуираат.
„Ова е исклучително опасен пожар, целосно е непредвидлив“, изјави шефот на грчкиот противпожарникарски сојуз Димитрис Статопулос.
Απίστευτες εικόνες από πλοίο στη Λίμνη Ευβοίας που απομάκρυνε κόσμο από τις ακτές όπου έφτασε η μεγάλη πυρκαγιά την Παρασκευή 6 Αυγούστου 2021.
Βίντεο Stavros Dev pic.twitter.com/bSrb7BbfEu— meteo.gr – Ο καιρός (@meteogr) August 6, 2021
Ситуација е дури и полоша на островот Евија.
Таму стотина луѓе се евакуирани со бродови поради шумскиот пожар кој се доближува на крајбрежното подрачје.
На застрашувачките снимки од евакуацијата на луѓе со траект од Евија се гледа како огнената стихија ги опкружува.
Нова наредба за евакуација преку море е издадена доцна во петокот за селото Лимни, кое првично беше поштедено од пожарот. Тамошните жители се повикани да се упатат кон пристаништето и да се качат на траект.
Стражата на крајбрежјето соопшти дека 668 луѓе се евакуирани од плажите на североистокот на Евија до вчера попладнето, откако пожарот ги пресекол сите останати начини на транспорт.
„Зборуваме за апокалипса, не знам како да го опишам ова“, изјави Сотирис Даникас, службеник од крајбрежната стража на островот.