Неовластената испорака на оружје од Либија за Сириската опозиција претставува сурово кршење на меѓународното ембарго за трговија со оружје со Либија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува Итар-Тас.
– Изразуваме силна загриженост поради неодмана објавените информации од авторитетни медиуми како „Њујорк тајмс“ и „Ројтерс“ за неовластени испораки на оружје од Либија за Сириската вооружена опозиција преку Катар и Турција, се наведува во соопштението на Министерството.
Русија поднесе петиција до Комитетот за санкции при Советот за безбедност на Обединетите нации за покренување истрага во однос на изнесените информации, се вели во соопштението, изразувајќи надеж дека Комитетот ќе преземе акција и ќе спроведе непристрасна и праведна истрага.