Хуманитарна акција за жителите од загрозените подрачја од пожарите

Од:

Невладината организација Банка за храна започнува со хуманитарна акција за помош на волонтерите и дежурните екипи што се вклучени во секојдневните акции за смирување на пожарите на цела територија на државата, како и поддршка за жителите од загрозените подрачја.

Сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании што сакаат да се вклучат во хуманитарната акција, може да ги остават своите донации во Општина Центар, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот или да се јават на телефонскиот број за контакт 076 313 383. Досега, Банката за храна во соработка со Општина Центар има обезбедено пакети со вода и прехранбени производи со поддршка од општествено одговорни компании и хумани граѓани.

Апелираме до сите граѓани и компании да се вклучат во хуманитарната акција која започнува во понеделник на 9.8.2021 година и заеднички да помогнеме за полесно справување со алармантната ситуација на територијата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати