Еден од најдобрите возачи во историјата на мотоциклизмот, Италијанецот Валентино Роси (42) најави дека заминува во спортска пензија на крајот на оваа сезона.
– Одлучив да се повлечам. За жал ја почнувам последната половина од сезоната како возач во Мото ГП. Тоа е тежок момент и поприлично тажен, изјави Роси на средба со новинарите спроти трката во Австриј а.
– Следните години мојот живот ќе се промени. Беше тоа многу долго патување, но исполнето со многу забава, додаде летендарниот италијански мотоциклист, кој освои вкупно девет светски титули во сите категории и забележа 115 победи.
Оваа сезона, меѓутоа, Роси е далеку од самиот врв со само еден пласман меѓу најдобрите десет возачи.