Вулин: Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно за да им се помогне на граѓаните на Северна Македонија во гаснењето на пожарите.

-Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на Северна Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија, кажа Вулин.

Тој посочи дека е многу загрижен за големиот број пожари во Пчињскиот округ во Србија, (кој се граничи со Северна Македонија) и изрази сомневање дека повеќето од нив се подметнати.

-Кога за помалку од два часа имате околу 40 пожари на различни локации, тогаш мора да се загрижите и да размислите дали сето тоа има природна причина. Се разбира, има и субјективна и објективна причина, изјави Вулин и најави за утре обиколка на Пчињскиот округ за „да види што се случува“.

Назгласи дека сите пожари во Србија се под контрола и дека граѓаните можат да бидат безбедни.

Апелираше до сите граѓани да не предизвикуваат ненамерни пожари, да не одат во шумите со отворен пламен, да не горат стрништа и да се грижат за отпадот оставен после излетите.

Би можело да ве интересира

Вулин по изјата на Османи за Сребреница: Подобро ќе беше да се воздржевте

Предраг Петровиќ

Вулин за протестите во Белград: Лидерите на партиите на НАТО се корисни идиоти на странските служби кои би сакале да владеат со Србија

Еден од убиените во Косово е телохранител на Вулин, тврди Приштина

А1он

Вулин продолжува избезумено да ја напаѓа Европската унија: Вие сте лицемери и лажговци

А1он

Вулин за забраната на руска нафта: Секаде каде што усташите можат да и нанесат штета на Србија, тоа ќе го направат

А1он

Вулин: На ​​одредени учесници на Еуропрајд им беше забранет влез во Србија

А1он