Крај на една ера: Меси си оди од Барселона

Од:

Лионел Меси нема да ја продолжи соработката со Барселона, објави клубот на официјалната страница. Клубот за непотпишувањето на договорот ја обвини Ла Лига.

И покрај утврдените услови меѓу двете страни и желбата денеска да биде потпишан нов договор, тоа нема да се случи поради финансиски потешкотии и регулативите на Ла Лига. Поради ова, Меси во иднина нема да биде член на Барселона, двете страни жалат што нема можност за продолжување на соработката. Барселона му посакува се најдобро на приватен и професионален план на фудбалерот и му благодари за досегашниот ангажман“, стои во соопштението на клубот.

Со ова завршува една ера која во голема мера го одбележа светскиот фудбал. Меси целата досегашна кариера ја мина во каталонскиот клуб каде почна во 2000 година, а за сениорскиот тим почна да игра во 2004 година.

За сениорскиот тим Меси одигра преку 750 натпревари на кои даде 672 гола и 288 асистенции. Речиси сите рекорди во Барселона се во негова сопственост. Аргентинецот освои десет титули во Примера, седум во Копа дел Реј и Суперкупот на Шпанија, четири во Лигата на шампионите, три во Суперкупот на УЕФА и исто така уште три на Светското клупско првенство на ФИФА.

ПСЖ и Манчестер Сити се клубовите кои се заинтересирани за аргентинската ѕвезда и во моментов се меѓу ретките кои можат да си го дозволат трансферот.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски