Кипарските власти им го блокираа пристапот на Сиријците и категорично одбиваат да прифатат бегалци

Од:

Кипар не може да прифати ниту еден бегалец од Сирија и стравуваат од неконтролиран доток во земјата, изјави за ИТАР-ТАСС директорката на имиграциската служба Ана Сакали.

– За нас ситуацијата во Сирија во моментов претставува најголема опасност. Тоа се објаснува со близината меѓу Кипар и Сирија, а исто така и со достапот, кој сириските бегалци го имаат до северниот дел на Кипар, контролиран од Турција, од каде тие имаат можност да ја пресечат тампон зоната на ОН, што го дели островот, истакна Сакали.

„Ние на Сиријците им обезбедивме целосен достап за работа или обука во Кипар, но тие нелегално се префрлаат во северниот дел на островот и потоа се обраќаат кај нас за добивање на бегалски статус. Засега овој доток е ограничен, но тој постои и ние не знаеме што може да се случи доколку ситуацијата во Сирија се развие во лошо сценарио“, посочува директорката на имиграциската служба.

Проблемот, според неа, е тоа што во Кипар престојуваат многу Сиријци, кои во земјата дошле како резултат на настаните во Сирија.

– Ние, меѓутоа, не можеме да ги репатрираме заради ситуацијата во Сирија, рече Сакали.

Според податоците изнесени од неа, во текот на април годинава на островот се регистрирани 2.424 бегалци, кои имале ограничен достап до пазарот на трудот. Други 1.294 лица, од кои повеќето се Сиријци, се обидуваат да добијат статус на бегалци.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ