Грчката влада во парламентот поднесе предлог закон за формирање нова државна радио и телевизија, која ќе го замени претходниот државен медиум ЕРТ, што минатиот месец беше затворен од владеачката коалиција, пренесе радио Атина.
Согласно предлогот, новиот медиум ќе се нарекува „Ново грчко радио, интернет и телевизија“ (НЕПИТ), ќе биде независен од државата и нема да се контролира од власта и политичките партии.
Затворањето на ЕРТ предизвика бран од протести и криза во односите меѓутрите партии, од кои едната – малата Демократска левица ДИМАР, се повлече од владината тројна коалиција во Атина.