Куќи и возила оштетени од огнената стихија во Кочани

Од:

Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани, и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.

Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени.

Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол“ и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја напуштија централната манифестација на Мечкин Камен и се упатија кон Кочани. Заев, како што потврдија од Владата, е во постојана комуникација е со ЦУК, со општинските власти и со МВР.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење. Како што претходно информираше Центарот за управување со кризи, пожарот во Костин Дол бил предизвикан од паднат далекувод.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Претседателот Стево Пендаровски претходно соопшти дека Армијата е вклучена во гаснење на пожарите, и дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.

Тој кажа дека е одобрил и употрена на воздухопловите, кои денеска веќе интервенирале во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он