Двајца пожарникари хоспитализирани во кочанската болница, вдишале чад

Од:

Двајца пожарникари се хоспитализирани, по пожарите што попладнево избувнаа на територијата во Кочани. Петмина граѓани, пак, побарале помош, откако вдишале од чадот, додека ги спасувале своите куќи.

„Пожарникарите вдишале чад и се хоспитализирани. Во стабилна состојба се и со лесна клиничка слика. Петмина граѓани се пријавија во болницата поради потешкотии со дишењето, а по пружената помош, тие се пуштени на домашно лекување“, велат за „А1он“ од кочанската болница.

Би можело да ве интересира

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Два „ер трактори“ ќе го гасат пожарот кај Милетино

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница

Активни се шест пожари на територијата на Македонија