Белорусија побара информации од Јапонија за олимпијката Тимановскаја

Од:

Белоруската aмбасада во Токио упати денеска официјално барање до јапонските власти за информации околу својата атлетичарка Кристина Тимановскаја, која одби предвреме да ги напушти Олимписките игри и побара азил.

Тимановскaja, која денеска требаше да настапи во трката на 200 метри, изјави претходно дека од белорускиот олимписки тим и било наредено да го прекине натпреварувањето и итно со комерцијален лет на компанијата „Туркиш ерлајнс“ да се врати во Минск.

Белоруската 24-годишна спринтерка тоа го одби и побара заштита од јапонската полиција, минувајќи ја ноќта во хотел на токискиот аеродром.

Според извештаите, Тимановскаја денеска ја посетила Амбасадата на Полска во Токио, а францускиот министер за европски прашања Клеман Бон рече дека „би било чест доколу Европа и одобри политички азил на белоруската атлетичарка“.

Паралелно со ова, чешката aмбасада во Токио соопшти дека е во процес на „интензивна комуникација“ со јапонските власти во врска со случајот на Тимановскаја и чека официјален одговор.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад