И за вработениете во „Волт Дизни“ вакцинацијата е задолжителна

Од:

„Волт Дизни“ стана најновата американска компанија што објави дека ќе бара целиот персонал да биде вакциниран против коронавирус, по слични најави од Гугл и Фејсбук.

Во соопштението на фирмата се вели: Во компанијата Волт Дизни, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа цел, и врз основа на најновите препораки од научници, здравствени работници и наши медицински професионалци дека вакцината „Ковид-19“ обезбедува најдобра заштита од тешка инфекција, бараме сите наши вработени да бидат целосно вакцинирани.

Вработените кои се уште не се вакцинирани, а физички доаѓаат на работа, ќе имаат рок од 60 дена за да ги пополнат своите протоколи и целиот персонал кој се уште работи од дома ќе мора да дојде на проверка за вакцинација пред да се врати, со некои ограничени исклучоци“.

Покрај тоа, сите нови вработени ќе треба да бидат целосно вакцинирани пред да започнат со работа, додаваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Документарна серија за БТС доаѓа на стриминг-услугата на „Дизни“

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД