Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

Од:

САД регистрираа најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 за 24 часа и тоа е апсолутен светски рекорд во време кога ширењето на високо заразниот сој на коронавирусот Омикрон не покажува знаци на ремисија.

Претходниот негативен рекорд беше 1,03 милиони, на 3 јануари. Секој понеделник во САД се пријавуваат голем број случаи, бидејќи многу држави не даваат податоци за време на викендот. Просечната дневна стапка на нови инфекции тројно се зголеми за две недели на повеќе од 700.000 случаи.

Новиот рекорд на случаи доаѓа истиот ден со бројот на хоспитализации, кој се удвоил за три недели. Вчера беа пријавени уште 135.500 нови хоспитализирани со Ковид-19, со што беше надминат досегашниот рекорд од 132.051, регистриран во јануари лани.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид

Над 100 милиони случаи на заразени со Ковид-19 на американскиот континент од почетокот на пандемијата