ВИДЕО: Расте бројот на жртвите и на повредените во пожарите во Турција

Од:

Турските пожарникари трет ден се борат со шумските пожари. Десет пожари се уште се активни, вклучително и три во реонот на летувалиштето Анталија. Уште две тела биле пронајден денеса со што бројот на жртвите сега е шест.

Бројот на повредени во шумските пожари во јужна Турција надмина 400 лица, изјави шефот на републичкото Министерство за здравство, Фахретин Коџа.

„Во моментов имаме 410 лица повредени во пожарите. 400 луѓе се отпуштени од болница, 10 се хоспитализирани”, напиша Коџа на Твитер.

Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола.

Гаснењето на огнот на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони и хотели се евакуирани, а туристите се однесени на безбедно место.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска подрачјата зафатени со шумски пожари ги прогласи за „зони на катастрофи“.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со Ердоган потврди дека Москва ќе продолжи да дава сеопфатна помош за Анкара во гаснењето на шумските пожари.

Во соопштението од Кремљ се наведува дека во телефонскиот разговор била потенцирана „важноста на соработката помеѓу двете земјите во борбата против природните катастрофи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски