На наплатната рампа Гостивар уапсени тројца млади скопјани поради дрога

Од:

Полициски службеници од Гостивар, во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје. При претрес во патничкото возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки пронајдени се и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко