Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво

Од:

Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи раст од 9,5 отсто, а од 6,6 отсто во првата половина од годината споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст од 9,9 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8 проценти.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 52,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,7 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 23,8 проценти и Капитални производи за 1,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата