(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ нуди исти луѓе со исти лаги, време е да замине во историја

Од:

„Нема општина водена од СДСМ со реализиран капитален проект! Нема општина водена од СДСМ со нов отворен капацитет и вработувања за граѓаните! Нема општина водена од СДСМ каде што има барем делумно задоволни граѓани или решен барем еден проблем!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ама затоа има општини водени од СДСМ каде што царува криминал. Затоа има општини водени од СДСМ каде што царува полнење на администрацијата со партиска војска!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници манијачат врз жени!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници шверцуваат и пукаат во полиција!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници силуваат совети со буџети за машини за перење!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците плаќаат 300 евра за едно метро даска!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците кои што плаќаат 500 евра за една клупа!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници кои што менуваат дупови се од СДСМ за нова бетонизација!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците се фалат со чевли од своите фабрики и не даваат плата!

СДСМ се што кажа се што вети се излажа! Нема човек што не се чувствува измамен од ветувањата на градоначалниците на СДСМ. Македонија е земја во рецесија во економска криза, со отпуштени работници, со растечка корупција, со растечки криминал! И СДСМ повторно ви ги нуди истите луѓе повторно со истите лаги!

Време е СДСМ да замине во историја! Време е СДСМ да не се повтори! СДСМ е најлошото за Македонија, СДСМ е најлошото за вашата општина! Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски