Расмусен: Безбедноста на НАТО не е загрозена

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска дека нема причини да верува оти безбедноста на оваа организација е загрозена со наводно американско шпионирање на европските партнери.

Германското списание „Шпигел“, цитирајќи тајни документи, минатата сабота објави дека САД ги прислушувале канцелариите на ЕУ во Брисел и продреле во интерната компјутерска мрежа на Унијата.

Во „Шпигел“ е спомената и поврзаноста на наводната шпионска афера со НАТО, односно податокот дека пред пет години безбедносни агенти на Унијата воочиле неколку пропуштени повици, кои довеле во врска со канцелариите на американската Национална безбедноста агенција (НСА) во седиштето на НАТО во Брисел.

Запрашан да го искоментира извештајот на „Шпигел“, Расмусен рече дека нема информации за можни простории на НСА во рамки на американската мисија при НАТО.

Би можело да ве интересира

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски