Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека целта на Србија е да биде следната земја која ќе влезе во Европската унија. Дачиќ, по средбата со известувачот на Европскиот парламент за Србија Јеко Кацин истакна дека нема време за чекање и оти следната недела ќе продолжи дијалогот со Приштина во Брисел.
Дачиќ ги најави и посетите на Белград на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон (9 јули) и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе (17 јули).
– Србија ќе продолжи со внатрешните реформи и примена на Договорот од Брисел и се ако се одвива според планираното, Србија може да очекува, дека ќе се движи со брзи чекори, посочи Дачиќ.