Возач од Ресен со џип излета од патот и загина кај Горно Дупени

Од:

46-годишен возач од Ресен вчера попладне загинал откако излетал од патот кон селото Царев Двор, соопшти полицијата.

„На 28.07.2021 во 17.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, после клучката за с.Горно Дупени, патничко возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот. На местото на незгодата починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен“, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Сообраќајот на патот Гостивар – Кичево е нормализиран, повредените пренесени на скопските клиники

А1он

Во прекин е сообраќајот на патот Мавровска крстосница – Гостивар, се судрија автомобили и мотоцикли

А1он

Моторцикл се судри со трактор во валандовско, загина 34 годишник од Јосифово

А1он