Цртаните филмови освен што имаат забавен карактер имаат и поучна улога во животот на децата. Тоа се всушност животни приказни преведни на јазикот на децата и вклопени во шарени и интересни кадри.
Пинокио – Верувајте во својот инстинкт
Сите ја знаат приказната за малата дрвена кукла Пинокио, на која при секоја изречена лага и расте носот. Освен тоа куклата Пинокио во приказната наидува на многубројни искушенија.
По наговор на мачката и лисицата Пинокио одлучува да го напушти училиштето. Неговата мрзеливост скапо го чини – таа го претвора во магаре.
Меѓутоа откако Пинокио ќе претстане да ги слуша другите и ќе почне да се слуша себе си, неговиот живот темелно се менува.
Моралната поука од оваа приказна е дека секогаш најисправна одлука е да му веруваш на сопствениот инстинкт и да постапуваш во согласност со својата совест.
Петар Пан – Бидете дете во душата
Приказната за Петар Пан е синоним за сите оние кои никогаш не сакаат да пораснат. Како Петар Пан, така и многу деца не сакаат да се откажат од детството, да престанат да си играат и безгрижно да гледаат на животот. Растењето е неизбежно, но едно мало дете сигурно ќе клечи во секој од нас во текот на целиот живот.
Пораката од оваа приказна е дека треба да бидеме разиграни, животот да го гледаме од позитивната страна и да не ги земаме здраво за готово рботите со кои секојдневно се соочуваме.
Аладин и волшебната ламба – Биди тоа што си
На преубавата арапска принцеза Јасмин речиси никој не можел да и одолее, па така ниту младиот Аладин. Имајќи предвид дека нема племенска титула, шансите за брак и заеднички живот со Јасмин биле мошне мали. Меѓутоа Аладин има еден трик!
Повикувајќи го духот од ламбата тој се претвора во богаташ. Но Аладин сака да дознае дали Јасмин ги сака неговите особини или неговото богатство. Поуката од оваа приказна е дека во љубовта, но и во животот воопшто треба да бидеме она што сме, бидејќи доколку некој не сака, ќе не сака со сите наши мани и доблести.
Слончето Дамбо – Сакајте се себе си и своите недостатоци
Дамбо како и секое слонче мора да има уши. Но Дамбо има малку поголеми уши. Токму од таа причина малиот Дамбо постојано го исмејуваат.
Но токму тие уши се неговиот начин да лета и токму поради нив тој не е обично слонче, тукусе разликува од другите. Својата мана треба најпрво да ја прифатиме и потоа да пронајдеме креативен начин за да увидиме и да им покажете на другите дека се има своја причина.
Книга за џунглата – Никогаш не се предавајте
Иако како мало момче Могли го напуштиле родителите, тој сепак успеал да пронајде некој, кој ќе се грижи за него и ќе го сака. Најдобрите пријатели ги пронашол во црниот пантер и мечката кои го штителе од лошиот тигар. Оваа приказна покажува и докажува колку пријателите се важни во животот, особено во тешките животни моменти.
Вистинските и искрените пријатели ќе останат со вас без разлика на околностите. Случајот на Могли покажува дека никогаш не треба да се предадеме. Треба да ја пронајдеме внатрешна сила и да не се жалиме себе си.