Претставници на сириската опозиција денеска во Истанбул избираат нов лидер. Сириската национална коалиција е без лидер неколку месеци, откако лидерот се повлече поради несогласување за евентуалните преговори со Владата на претседателот Башар ал Асад.
Денешната средба е со цел да се постигне договор со кој ќе се обединат трите основни фракции во коалицијата Муслиманско братство, единствена организирана група во политичката опозиција, потоа групата поддржана од Саудиска Арабија и крилото лојално на генералниот секретар Мустафа Сабаг, кој има поддршка од Катар.
Меѓу можните кандидати за нов лидер на коалицијата се Ахмад Џабра, Сабаг, потоа долгогодишниот опозиционер Ахмед Туме ал Хадер и Бурхан Галиун, кој живее во Париз.