Со куси паузи на работа сочувајте го физичкото и менталното здравје

Од:

Секоја работа троши енергија, а кога ќе се појави чувство на замор, тоа е знак дека сме ги потрошиле сите енергетски резерви и оти треба да застанеме.

Според психолозите, одморот е најпотребен на вработените лица кои во текот на работниот ден мора да прават чести, но куси паузи со кои се обновува енергијата и се чува здравјето.

Со непрекината и напорна работа на физиолошки план ги трошиме резервите на глукоза која на клетките им дава енергија.

Тие резерви не се неисцрпни и затоа е потребно од време на време да застанеме, да го забавиме темпото за да се обноват резервите.

Чувството на замор е сигнал дека сме ги потрошиле резервите и оти треба да се одмориме и да престанеме со работна активност на некое време. Одделни луѓе учат да го игнорираат заморот, па максимално се исцрпуваат.

Непрекината работа опасна за срцето

Одделни луѓе не прават пауза во текот на работниот ден, па дури и викендите ги поминуваат работејќи. Тие од една страна имаат одлична кондиција, но по подолг временски период на таков начин на живот кај нив се јавуваат сериозни проблеми, кои дополнително зависат од бројни фактори, начин на исхрана, физичка активност. Со таков ритам лесно страдаат срцето и крвните садови, и влегуваат во т.н. синдром на прегревање.

Нивната психа на тоа се противи, бидејќи увидува дека се самодеструктивни, вели српскиот психотерапевт Зоран Миливојевиќ.

Црвено светло

Кога наутро доцните за на работа, Марфиевиот закон ќе доведе до тоа да ве фати бран црвени светла на семафорот. Наместо да се нервирате, обидете се да се смирите. Секое црвено светло искористете го неколку пати за да длабоко вдишете и издишете и мислете на нешто убаво.

Медитирајте на клупа

Пронајдете паркче во близина на работното место, седнете на клупа, длабоко вдишете и слушнете ги звуците на птиците.

Забавна пауза

Не можеме секогаш да се забавуваме на паузите, така што луѓето слободното време го користат на различни начини. Некои водат секојдневни разговори на теми надвор од работата. Некои други се опуштаат со весници, книга или филџан кафе, а има и такви кои се повлекуваат кога се во друштво така што ќе се задлабочат во некое списание.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска