Асад: Јас и Владата ќе ја преживееме граѓанската војна во Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека тој и Владата ќе ја пpживеат граѓанската војна, откако издржале се што им направиле противниците, додавајќи оти само директна воена интервенција може да го смени тоа.

Асад во интервјуза „Ас Савра“ посочи дека целта на бунтовниците е прекууништивање на инфраструктурата, економијата и создавање на целосен хаос во општеството да ја претворат Сирија во пропадната држава.

– Засега се уште не сме стигнале до таа фаза, наведе Асад.

Тој истакна и дека бунтовниците досега употребиле секакви средства, материјални, емоционални и психолошки и оти уште останала директна воена интервенција.

– Но, поради нерешителноста и отфрлањето на интервенција од поголемиот број земји и ако ја надминеме таа фаза со решителност и внимателност, нема да има повеќе од што да стравуваме, рече Асад.

Тој наведе и дека Сирија не се претворила во „пропадната држава“ благодарение на претприемачите и работниците, кои продолжуваат да ги исполнуваат должностите и покрај хаосот.

– Сирискиот народ останува нескршен во секоја смисла на зборот. Експлодира бомба и неколку минути подоцна по расчистувањето, животот се враќа во нормален ритам.

Сиријците одат на работа иако секој момент очекуваат ракетите од терористите, нивни бомби и самоубиствени напади, наведе Асад во интервјуто за „Ас Савра“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети