Речиси сите членови на Совет на италијанската област Кампанија под истрага

Од:

Речиси сите членови на обласниот Совет на италијанската област Кампанија во јужниот дел од Италија се под истрага за прекумерно и неосновано трошење државни пари.

Педесет и седум обласни советници од вкупно 60 се повикани на распит во полиција. Истрагата покажала дека советниците од партијата Народ на слободата на поранешниот премиер Силвио Берлускони потрошиле 11.000 евра во 2011 година во кафеани.

Освен тоа дале и 14.500 евра како помош за три приватни телевизии.

Во Неапол, обласен центар на кампанија, во истрагата констатирале дека советниците потрошиле вкупно 1,7 милиони евра за две години за купување – од очила за сонце до козметика и компакт дискови.

Истрагата проверува дали се трошеле државни пари и за фризерски и козметички услуги. Со истрагата е утврдено дека 95 отсто од расходите што ги направиле од партијата Италија на вредности, се сомнителни. Лидер на таа партија е поранешен судија (Антонио ди Петро), познат како „борец против мафијата“. Приоритет на партијата во предизборието беше – борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски