Санкционирани се 200 возачи, од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти Министерството за внатрешни работи, по синоќешната акциска контрола спроведена на територијата на РСМ.
Имено, акциската контрола е спроведена со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнаа од МВР.