ВИДЕО: Во Скопје 127 сообраќајни прекршоци, 28 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои 28 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола, седум прекршоци од возачи на мотоцикли, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири за возење под дејство на алкохол.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава