(ВИДЕО) Лазаревска: Обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава со вработување на 500 образовни асистенти

Од:

„СДСМ гради фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите, обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава. Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од почетокот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

„За таа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти.

Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“.

Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

Обезбедуваме инклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.

Инвестираме во иднината, продолжуваме да го менуваме образованието кон подобро“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“