Извоз на 600 тони праски од Росоман за Русија, Белорусија и Полска

Од:

Извезени се 600 тони праски оваа сезона од Росоман само преку царинската испостава во Кавадарци, соопшти денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

– Инаку, извезените количини се многу поголеми. Росоманската праска оди на пазарите во Русија, Белорусија, Полска. Очекуваме денеска и утре да започне шпицот во извозната сезона оти стаса за берење сортата „ред хевен”. Општо е задоволството од годишениот род, пласманот и цената која на откупните пунктови достигнува и 30 денари за килограм. Всушност, самиот квалитет ја диктира цената, рече Лазов.

Лани од росоманско како најголем регион на праски во Македонија, само преку царинската испостава во Кавадарци биле извезени околу 5 милиони килограми праски. Вкупниот извоз на праска бил многу поголем.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски