Градоначалникот Трајановски ја посети Кисела Вода

Од:

Скопскиот градоначалникот Коце Трајановски денеска ја посети општина Кисела Вода и се сретна со градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ. На средбата присуствуваа претставници од јавните претпријатија на Град Скопје и претставници на урбаните и месните заедници на општина Кисела Вода.

Трајановски информира дека во секоја општина јавните претпријатија се задржуваат три дена и оти се гледаат приоритетните места каде треба да се чисти и средува.

– Ги усогласуваме плановите и работењето меѓу јавните претпријатија, месните заедници и службите во општината. Ја оценуваме ангажираноста, способноста и ефикасноста на градските јавни претпријатија во работењето на терен, сега во Кисела Вода, рече Трајановски.

Тој потсети на досега реализираните проекти, булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“. Најави дека ќе се продолжи третата фаза на булеварот „Борис Трајковски“, продолжување на булеварот „Србија“ кон „Христо Татарчев“, нивно спојување во Кисела Вода, на последната станица на автобусот со број 24, проширување на „Павел Шатев“…

– Со оглед на тоа дека општина Кисела Вода е најстара општина во Град Скопје, традицијата за користење на месните заедници е задржана. Месните заедници кај нас функционираат и во соработка со нив, ние секојдневно ги добиваме забелешките од граѓаните. Се трудиме веднаш да излеземе на терен и да интервенираме, рече Беличанец-Алексиќ.

На овој состанок, како што рече, ќе направиме еден Акциски план за тековната година. Додаде дека Кисела Вода има една од најстарите инфраструктури и оти граѓаните најмногу ги засега канализацијата, фекална, атмосферска.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината