Европската Унија се огласи денеска по последните случувања во градот Вароша во Кипар и ги осуди изјавите на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган како и на лидерот на турско-кипарската заедница.
Изјавите и мерките околу градот Вароша од страна на Турција се спротивни на меѓународното право, изјави Европската Унија преку својата дипломатска служба.
-ЕУ повикува веднаш да се отповикаат дејствата и чекорите преземени околу Вароша од октомври 2020. ЕУ продолжува да се води од резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации во однос на Вароша, стои во реакцијата на ЕУ.
Таа смета дека е неприфатлив секаков обид да се населат делови од градот со други лица освен мештаните.
-Никакви мерки не треба да се преземаат во однос на Вароша што не се во согласност со резолуциите на ОН. Целосно почитување и спроведување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН исто така значат веднаш да се стави крај на рестрикциите воведени врз слободата на движење на мировната мисија на ОН во Кипар, повикува Брисел.
За ЕУ неприфатливи се еднострани чекори спротивни на меѓународното право и тие се сметаат за провокации што ќе ги зголемат тензиите на островот и ќе ги загрозат напорите за изнаоѓање на решение за кипарското прашање.
-ЕУ оставена посветена на сеопфатно решение за кипарскиот проблем врз основа на федерација со две зони и две заедници со политичка еднаквост, стои во реакцијата на ЕУ, и се додава дека се очекува од Турција да се посвети на преговорите за изнаоѓање компромис.
Прашањето ќе биде на масата на идниот инистерски совет на ЕУ доколку до тогаш Турција не го смени своето однесување.