Американската поп-панк пејачка Пинк изјави дека е подготвена и сака да ја плати казната на женската ракометна репрезентација на Норвешка, која одби да игра во бикини. На Твитер, пејачката ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам.
I’m VERY proud of the Norwegian female beach handball team FOR PROTESTING THE VERY SEXIST RULES ABOUT THEIR “uniform”. The European handball federation SHOULD BE FINED FOR SEXISM. Good on ya, ladies. I’ll be happy to pay your fines for you. Keep it up.
— P!nk (@Pink) July 25, 2021
„Горда сум на норвешките ракометарки кои протестираа против сексистичките правила што важат за нивните тимови. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Одлична работа, девојки! Јас ќе бидам среќна да Ви ја платам казната”, напиша Пинк.
Претходно беше соопштено дека ракометарките на плажа во Норвешка се казнети затоа што одбиле да се натпреваруваат во бикини, за третото место на Европското првенство.
Норвешките ракометарки притоа упатија повик до федерацијата да им биде дозволено да се натпреваруваат во кратки панталони. Но, не добија одговор на нивното барање.