Од утре, па до недела Штип ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за мажи и жени до 22 години.
Градот под Исарот по вторпат е организатор на ова балканско првенство. За разлика од првенството што се одржа во 2011 година, кога терените беа поставени на градскиот плоштад, овојпат натпреварувањата ќе се одвиваат во спортско-рекреативниот центар „Џексон“ во Штип.
Во тек се последните подготовки на терените, а се работи и на естетското уредување на Спортско-рекреативниот центар „Џексон“.
На првенството ќе учествуваат околу 60 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Романија, Србија и Турција. Учеството на екипите од Грција и Црна Гора е откажано на само неколку дена пред стартот на првенството.
Македонија ќе ја претставуваат екипи од Штип, Велес, Скопје, Струмица и тоа три екипи во машка и две женска екипи во женска конкуренција.
М.Р.