Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин денес и утре ќе претстојува во Белград.
Тој во текот на посетата ќе учествува во работата на конференцијата „Народното собрание и граѓанските права во Србија и улогата на Народното собрание и независните институции“.
Планирана е и средба со премиерот на Србија Ивица Дачиќ, официјални лица на владата, но и со претставници на опозицијата и цивилниот сектор, потврди за „Танјуг“, неговиот асистент Саша Буторац.
Известувачот на Европскиот парламент утре ќе се сретне и со првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ и со претседателот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ.
Елена Георгиевска