Латино дивата Џенифер Лопез, вешто ги криеше шпекулациите и вистинската природа на односот меѓу неа и актерот Бен Афлек. Иако папараците ги фотографирале неколку пати, тие не се огласуваа во јавноста.
Се чини дека причината е многу јасна овој пат. Џенифер за прв пат на социјалните мрежи објави фотографии од неа и актерот Бен Афлек во прегратка, разменувајќи страстни бакнежи.
Пред сите, таа се пофали со своето згодно тело, а потоа и со своето момче Бен.
Поводот беше нејзиниот 52 роденден, а со тоа таа најде начини како да ја израдува јавноста и да покаже дека очигледно е заљубена.
Веста за нивната врска ја изненади јавноста затоа што ништо не сугерираше дека поранешните свршеници може повторно да бидат заедно откако ја раскинаа свршувачката пред 17 години.
Бен и Џенифер започнаа врска уште во 2002 година, наскоро се свршија и требаше да се венчаат во септември 2003 година. Сепак, тие раскинаа на почетокот на 2004 година.