СДСМ: Криминалот и корупцијата се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Криминалот и корупцијата се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години бесрамно ја пљачкаше државата, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Десетици судски предмети и веќе ефективни затворски казни за високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се најдобар доказ како оваа партија работела во 11 години на режим и заробена држава.

ВМРО-ДПМНЕ е партија на браникот на криминалот и затоа, денес, оваа партија е најмалку повикана да зборува за правда, за борба против криминал и корупција.

За разлика од нив, СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи е силно посветена на ефикасна и неселективна броба против секој вид на криминал и корупција.

Прочистувањето на правосудството, зголемувањеto на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите и унапредувањето на системот за јавни набавки се важни процеси за зајакнување на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата.

По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот несомнено постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор.

За разлика од владите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги игнорираа сите забелешки во домашните и меѓународните извештаи, денес Владата предводена од СДСМ тие наоди сериозно ги анализира и презема конкретни чекори. Денес, по сите преземени мерки и предвидени иницијативи и процеси, Владата предводена од СДСМ упатува сериозна порака до сите носители на јавни функции, до сите граѓани дека криминалот и корупцијата не се исплаќаат и истите ќе бидат казнети согласно законите“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор