Откриени наоѓалишта на нафта и гас во Јонско Море, тврдат грчките медиуми

Од:

„Тајно енергетско богатство“ е откриено на четири места во Јонското Море и во морскиот регион јужно од островот Крит, пишува весникот „Етнос“.

Весникот наведува дека Министерството за животна средина на Грција ги добило резултатите од анализите на норвешката компанија ПГС, која беше задолжена да изврши истражувања за нафта и гас во различни делови на земјата.

Наоѓалишта ја откриваат мистеријата околу„црното злато“ во Јонско Море и во близина на островот Крит. Постојат индикации дека четири области се со големи енергетски можности и претставуваат значајни откритија, наведува „Етнос“.

Норвешката компанија денеска ќе им ги достави податоците од истражувањето на заинтересираните нафтени компании, а грчкото Министерство за животна средина ќе започне постапка за доделување на лиценци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит