Санкционирани 52 возачи во Тетово кои возеле со над 50 километри на час над дозволеното

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово денеска од 7 до 13 часот, во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционираа 69 возачи.

Од нив, 36 се на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. Од санкционираните возачи, 52 возеле со брзина 50 километри на час поголема од дозволената, а 7 возачи дури со 70 километри на час над дозволеното.

СВР Тетово соопшто дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава