Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 7 до 13 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес. Санкционирани се 102 возачи, од кои 13 возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.