(ВИДЕО) Каевски: Вложувањата во МВР придонесоа да имаме мотивирана полиција и пад на криминалот

Од:

„Преку одговрен и транспарентен пристап СДСМ ја трансформираше полицијата во вистински пријател и заштитник на граѓаните. Постојано се вложува во условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР.

Редовно се исплаќа бонус плата за остварени прекувремени работни часови.

Постојано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 пара чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи.

Сето тоа приднесува за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.

Во првото полугодие од оваа 2021 година, забележан е пад на криминалот за 10,8 отсто во однос на истиот период лани.

Со ваков ефикасен пристап, постојано расте довербата на граѓаните кон полицијата која денеска е заштитник на граѓаните, чувар на законите и правниот поредок.

Продолжуваме со инвестиции во безбедносниот сектор за уште помотивирана полиција која бескомпромисно, чесно и неселективно ќе се бори против секој вид на криминал и корупција“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор