Австриските власти регистрираат сѐ повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од одмори во странство, а најзаразени се оние кои летувале во Хрватска и Шпанија
Во 27. и 28. календарска недела, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 луѓе кои се вратиле од одмор во Хрватска. Следат новозаразените кои биле на одмор во Холандија (61), Малта (52), Грција (43), Германија (21) и Франција (18).
Кога станува збор за земјите од Балканот, вирусот е регистрирана само кај тројца повратници од Србија и Босна и Херцеговина.