Русија е подготвена на взаемно признавање на вакцините со ЕУ

Од:

Русија е отворена за предлогот на Европската унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за имунизација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Неодамна Европската комисија предложи:„ Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите“. Ние сме отворени за тој дијалог, истакна Лавров на семинар за руската надворешна политика.

Европската агенција за лекови не одобри употреба на вакцината Спутник В во земјите од Европската унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија