Студија која ја направија истражувачи од Универзитетот во Њујорк покажува дека вакцината „Џинсон и Џонсон“ е далеку помалу ефикасна против инфекции на коронавирусот предизвикани од делта-сојот и против други мутации во однос на она што претходно се претпоставуваше. Експертите го означуваат ова откритие како загрижувачко со оглед дека делта-сојот е присутен кај 83 проценти од новите случаи на Ковид-19 во САД.
Истражувањето е базирано на тестови направени кај лица кои примиле една од трите дозволени вакцини во САД.
Истрачувачите кои ја направија студијата сметаат дека оние што примиле вакцина „Џонсон и Џонсон“ ќе треба да примат уште една доза, но засега официјалните здраствени власти се на ставот дека нема да има дополнителна доза за ниту една од вакцините.
Повеќе од 13 милиони Американци досега примиле вакцина „Џонсон и Џонсон“. Ова е исклучително мал број од вкупните 161,5 милиони Американци кои досега се комплетно вакцинирани.