Морската риба помага во спречување рак на дојка

Од:

Доколку конзумирате риба како лососот, која е особено богата со омега-3 масни киселини, најмалку два пати неделно, ќе ја намалите шансата за добивање рак на дојка и до 14 отсто.

До овој заклучок дошле експерти кои работеле на ново кинеско истражување кое е објавено во „Бритиш медикал журнал“.

Рибата содржи омега-3 масни киселини кои се важни за развојот на мозокот и ги намалуваат воспалителните процеси во него. Исто така се важни и за кардиоваскуларниот систем и други делови на организмот.

Инаку, омега-3 масни киселини човековото тело не може самостојно да ги произведе. Истражувачите анализираа 26 истражувања објавени во САД, Европа и Азија, во кои имало 80.000 учесници и над 20.000 заболени од рак на дојка.

Најновото истражување покажува и дека внесувањето од 0,1 повеќе грама или 0,1 отсто повеќе енергија на ден кои потекнуваат од омега-3 масни киселини, можат да го намалат ризикот од рак на дојка за пет отсто.

За да тоа го постигнат, жените треба да јадат масна риба како туната, скушата, лососот, харингата или сардини два пати неделно во порции од 140 грама. Белата риба како бакаларот исто така е здрава, но содржи помалку омега-3 масни киселини.

Поради исхраната богата со риба, најмал ризик од рак на дојка имаат жените во Азија.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава