Градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски злоупотреби, побараа антикорупционерите

Од:

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница. Освен градоначалникот Мерко, антикорупционерите сметаат дека кривична одговорност треба да се побара и од претседателот на Кривичниот суд во Струга кој дозволил буџетот на Општината да биде 50 милиони денари иако е меѓу најзадолжените во државата.

Финансиските малверзации на градоначалникот Мерко биле потврдени во истрагата на Државната комисија за спречување корупција, а истите се нотирани и во истрага на државните ревизори.

Антикорупциската комисија извести дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од 2018 година се оформени три предмети за работењето на градоначалникот Мерко. Меѓу нив се набавката на луксузниот „ауди а 6“ за 70.000 евра и предметот за бесправна продажба на објект.

Би можело да ве интересира

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Градоначалникот Мерко е осуден со 10.000 евра парична казна