Кузеска: Анкетите потврдуваат – СДСМ го има најдоброто, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена

Од:

Анкетата на Брима докажува дека граѓаните ги препознаваат исправните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев. Претседателот Заев има повеќе од двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски рече на прек конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Оваа анкета е потврда дека СДСМ го има најдоброто, потврда дека е силен фаворит на претстојните локални избори. Истовремено, оваа анкета е потврда дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не му веруваат на Мицкоски затоа што знаат дека тој не може да донесе никаква промена, знаат дека тој не може да ја реформира ниту сопствената партија. Граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да враќаат пари назад, затоа што тие 11 години само грабаа од граѓаните, а како опозиција се противеа на секоја мерка што значеше повеќе пари за семејствата“ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби