34 организации од Македонија и од Албанија апелираат охридскиот да се впише во Листата светско наследство во опасност

Од:

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и од 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

Триесет и четири организации од двете страни на светското наследство се длабоко загрижени за состојбата на Охридскиот Регион, која не е последица на војна или природна катастрофа, најчестите причини за уништени вредности и прогласување на светски наследства во опасност –
туку директен резултат на управувањето со наследството од страна на локалните и централните власти на двете држави.

„За жал, алармот во 2019 година не ги разбуди нашите влади, и дополнителното време кое го добија од Комитетот за светско наследство за да ги спроведат препораките и неопходните мерки за заштита го искористија за нови планови за урбанизација, поволности за нелегалните градби
маскирани со неколку симболични отстранувања на привремени конструкции, продолжување на неефикасното управување и неефикасната законска заштита, прекршувања на постоечките закони, чекори кон реализација на плановите за Коридор 8 без никаква анализа на алтернативни
рути, празни и чисто формални одлуки кои навидум ги спроведуваат препораките, а во реалноста овозможуваат продолжување на уништувањето, итн.“ – се вели меѓу другото во апелот до Комитетот.

Она што особено ги загрижува потписниците на писмото е продолжувањето на процесите за урбанизација дури и по многу сериозното предупредување на Мисијата од јануари 2020 година дека „тековните и планираните модификации забрзано ја водат веќе ранливата состојба до точка по која нема враќање“.

„Сите урбанистички планови иницирани по мисијата во 2020 година и сите неспроведени, а неопходни активности (како проценка на влијанието врз животната средина на дивоградбите и рушење на објектите со негативно влијание) недвосмислено покажуваат дека нашите локални и
централни власти продолжуваат по истиот пат кој го доведе светското наследство во сегашната лоша состојба, целосно свесни дека тоа е пат кој води до можно неповратно губење на непроценливо богатство кое му припаѓа на целиот свет и сите идни генерации“ – е ставот на Фронт 21/42.

Апелот, со кој се бара впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност и осуда на свесното уништување на неговите вредности од страна на институциите, е потпишан од следниве македонски организации: Фронт 21/42, Охрид СОС, Факултет за Шумарски
науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, Иниститут за комуникациски студии, Новинари за човекови права, О2 Иницијатива, Гоу Грин Скопје, Го Сакам Водно, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Организација на потрошувачи Кочани, ЕД Вила Зора, Балканска Водна мрежа, Скриениот херој во
секое дете, Еко-Живот Кавадарци, Рурална Коалиција, Планетум – Струмица, Грин.орг Кочани, Здрава Котлина -Струмица и Добра Земја – задруга за органска храна и следниве организации од Албанија: Albanian Centre for Environmental Governance – A.C.E.G, Eco Albania, UJA Center, Albanian Ornithological Society (AOS), The Resource Environmental Center Albania, Organizata ILIRIA, Tirana, Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA), Shoqata për Ruajtjen dhe Mbrojtjen e Mjedisit Natyror –Vlorë, “Friends of Korca” Association, Albanian Network for Rural Development – ANRD, Qendra e Informacionit Aarhus Shkodër, Instituti për Ruajtjen e Natyrës në Shqipëri – INCA, Observator, Tirana, Cesvi, Vjosa Explorer.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on