Австралискиот премиер Скот Морисон денеска одби да се извини во име на Владата за начинот на кој државата го спроведува вакцинирањето на населението, за време на размената на мислења со слушателите во текот на радио интервју, додека 13 милиони Австралијци се наоѓаат под блокада поради Ковид-19.
Рестриктивни мерки се воведени во државите Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија, пишува весникот Гардијан.
Опозициската Работничка партија го зајакна притисокот врз Владата, велејќи дека најновите мерки се неопходни само затоа што нема доволно вакцини.
Иако често беше под притисок да му се извини на народот за „кошмарната вакцинација“ за време на интервјуто за Кис ФМ, Морисон одби да го стори тоа, објаснувајќи дека Владата е фокусирана на „решавање на проблемите“.
Досега во Австралија се ревакцинирани 11 отсто од жителите.
– Имавме проблеми, нема никаква дилема околу тоа, и проблемите не се секогаш под наша контрола, но тоа е Ковид-19, истакна Морисон.